МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е НА 4-ТО МЕСТО ВО ЕВРОПА СПОРЕД РАСТОТ НА БДП ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Пред нас се само Ирска, Данска и Полска Во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа влада, изнесува повеќе од 3%, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2%. Тоа е многу значајно и ова не е случајност, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
Според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на Бруто домашниот производ откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2% тоа е бројката којашто ја објавува „Евростат“.Со тоа, практично на досега објавените параметри коишто ги објавил „Евростат“, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска, објави денеска премиерор Христијан Мицкоски.
Време зa читање: 3 минутиГодишен раст од три проценти е регистриран кај бруто-домашниот производ на крајот од првото тримесечје.