Министерството за образование и наука и Бреинстер денеска ќе потпишат меморандум за соработка со фокус воведување на вештачката интелигенција во средното образование.
Како што најави МОН, меморандумот ќе го потпишат министерката за образование и наука Весна Јаневска, управителот на Бреинстер ЦБЦ - друштво за интернет едукација, Петар Ниновски, и генералниот менаџер на Бреинтер Некст - приватна високообразовна установа самостојна висока стручна школа, Александар Клашниновски. Kanal5
На конференција денеска, 18 јули, беше потпишан трипартитен меморандум.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изрази задоволство што и јавна и приватна образовна установа со своето знаење ќе им помогнат на институциите во имплементирањето на интегрирањето на оваа технолошка иновација во наставните програми. Netpress
МОН и Факултетот за информатика во Штип веќе подготвуваат документ со насоки за наставниците и за учениците околу примената на вештачката интелигенција од септември, што, како што рече Јаневска, ќе биде увертира на воведувањето на конкретни теми во наставните програми во секое одделение.
Основачот на „Бреинстер“ групацијата, Петар Ниновски потенцираше дека за нив ова е значаен ден бидејќи се формализира соработката со МОН и се прави голем чекор напред кон системски пристап во воведување на вештини поврзани со познавањето на вештачката интелигенција во средното образование. Radiomof