Една од тие песни испишана е на хиландарската икона Млекопитателница во Карејската испосница на Свети Сава: “Златоплетен Столбу, и дванаестоѕидни Граду, сонцеточни Престолу, Столицо на Царот, несфатливо е чудото: како со млеко го храниш Господа!?”( Егзапостилар на Успението на Богородица). Вакви претстави има уште од најстари времиња во Светата земја, Сирија, Египет, Византија итн.