Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска, обвинета дека оддавала службени тајни на обвинет во „Адитив“ и тоа со безбедносен сертификат добиен откако тестот ѝ го положил ревизор а не таа самата, самата треба да каже дали ќе си даде оставка, одговориле од ДКСК за Оттаму сметаат дека овој состав на Државната комисија за спречување корупција има легитимитет да работи и се дистанцираат од својата претседателка, но без да кажат дали таа треба да си поднесе оставка или не. Ве известуваме дека Државната комисија продолжува да работи редовно и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а нејзиното функционирање е од исклучителна важност за општеството.
Завчера, на само еден ден пред да биде поднесен обвинителен предлог за предметот против претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, членовите на комисијата си одржувале oбука за интегритет и превенција од корупција за вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство.