Доколку македонскиот јазик биде тргнат од Извештајот на ЕУ виновен ќе биде само Христијан Мицкоски кој ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент за прашање кое беше затворено.
Од СДСМ велат дека најголем непријател на македонскиот јазик, култура и идентитет е Христијан Мицкоски.
Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од извештајот за Северна Македонија, потврдува бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев по пишувањата на бугарските медиуми.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев по најавите од Бугарија дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од Предлог-извештајот за напредокот на Македoнија вели дека тоа е поради сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од Европскиот парламент.