Средбата и заедничкиот ручек поминаа во извонредно пријателска атмосфера, од пречекот до крајот, посочуваат од нејзиниот Кабинет.
Фотографијата на која Сиљановска Давкова и Радев се ракуваат пред бугарското знаме во неговиот Кабинет предизвика реакции во земјата. Press24
Бугарскиот претседател Румен Радев во прв коментар по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која предизвика реакции поради изоставувањето на македонското знаме на нивната заедичка фотографија во петокот во Софија, нагласува дека нејзината посета не била ниту официјална, ниту работна. Civilmedia
„Нека биде јасно, ова не беше ниту државна, ниту работна посета и се надевам дека во блиска иднина претседателот на Република Северна Македонија ќе оствари државна посета, која ќе биде со сите официјални церемонии по протокол, и тоа ќе придонесе и за нашите односи“, изјави денеска Румен Радев , кој истакна дека средбата во Софија била конструктивна и со добар тон, додавајќи дека имал покана за посета на Северна Македонија.
Посетата на македонската претседателка Сиљановска Давкова во Софија била неформална и затоа не било истакнато македонското знаме за време на средбите и на официјалните фортографии. Kanal5
Се огласи и претседателот на Бугарија, Румен Радев по повод неистакнувањето на македонското знаме при посетата на Гордана Сиљановска-Давкова, што предизвика големи реакции во јавноста.
Тој кажа дека ова не било ниту државна, ниту работна посета на претседателката Сиљановска-Давкова. Libertas
Според Стојанов, посетата на македонската претседателка била од неформален карактер, односно не била ниту од државен, ниту од работен карактер, па затоа Бугарија не била должна да го истакне и македонското знаме, односно да го испочитува претседателскиот протокол.
Сиљановска Давкова во петокот во Софија се сретна со Радев пред да присуствува изведбата на операта „Набуко“ во изведба на Македонската опера и балет. Plusinfo
Се огласи и претседателот на Бугарија, Румен Радев по повод неистакнувањето на македонското знаме при посетата на Гордана Сиљановска-Давкова, што предизвика големи реакции во јавностa Тој кажа дека ова не било ниту државна, ниту работна посета на претседателката Сиљановска-Давкова. Press24