Демаршот на бугарскиот амбасадор, како што информираат извори од МНРНТ, ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот.
Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со „Набуко“, како чекор од културната дипломатија. Republika
Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој попладнево беше повикан во македонското Министерство за надворешни работи поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота. Mk