1 (6) ■ вести > македонија ■ 04-Mar 09:25 -> 04-Mar 09:54
.
.
.
.

АХВ: Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот, за секоја пратка со изворска вода и безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, ќе се земаат л…

  • Се спроведуваат засилени контроли на увозното овошје и зеленчук за заштита од пестициди

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави.

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид на производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави.

10 (59) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Mar 13:18 -> 04-Mar 09:33
.
.
.
.

Средба на Мицкоски и Орбан во Будимпешта, продолжува владиниот самит

  • Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија

  • Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори

  • Муцунски и Сијарто го потпишаа акцискиот план за размена на експертиза

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит ќе оствари средба со неговиот домаќин унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи во Република Унгарија.

Унапредување на билатералните односи, трговската соработка, како и перспективите и предизвиците во процесот на нашата европска интеграција беа во фокусот на разговорите на средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Унгарија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто со која беше означен почетокот на владиниот самит на двете држави во Будимпешта, јави известувачот на МИА.

Попладнево, министерот за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и неговиот унгарски колега, Петер Сијарто, во Будимпешта потпишаа акциски план за размена на експертиза.

12 (5) ■ вести > македонија ■ 04-Mar 08:24 -> 04-Mar 09:04
.
.
.

ИНРМ бара да се врши месечно отчитување на броилата

  • Инженери на Македонија: ЕВН да ги читаат броилата еднаш месечно

Регулаторната комисија за енергетика да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата, бара Инженери на Република Македонија (ИНРМ). Како што сооопшти денеска ИНРМ, со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година РКЕ изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата.

Инженери на Република Македонија (ИНРМ) бараат од Регулаторната комисија за енергетика да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата Како што сооопшти денеска ИНРМ, со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година РКЕ изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата.

13 (59) ■ вести > свет > нато ■ 02-Mar 09:45 -> 04-Mar 08:48
.
.
.
.

Трамп привремено ја прекинува воената помош за Украина

  • Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО

  • Трамп: Зеленски треба да биде „повеќе благодарен“ за поддршката на САД против руската инвазија

  • Како просечниот Амер го виде „изживувањето“ во Овалната соба?

Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја суспендира воената помош за Украина по неговиот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавија американски медиуми, цитирајќи претставник на Белата куќа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, а тоа го спомена откако сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп побараа негова оставка.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека лидерот на Украина, Володимир Зеленски треба да биде „повеќе благодарен“ за поддршката на САД против руската инвазија.

Добар дел од американските корпоративни медиуми оценија дека со кавгата со Зеленски, Трамп се посрамил и себе си и целата земја.

Повеќе од
оваа категорија

81 (4) ■ спорт ■ 03-Mar 13:38 -> 03-Mar 23:00
.
.

Дуплантис, Алкараз, Верстапен, Погачар и Маршанд кандидати за Спортист на годината

  • Познати се номинациите за наградата „Лауреус“

Шведскиот атлетичар Арман Дуплантис, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, холандскиот светски шампион во Ф1, Макс Верстапен, словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар и францускиот пливач Леон Маршанд се меѓу номинираните за престижната награда Лауреус за Спортист на годината за 2024-та. Кандидати за најдобра спортистка во светот се американската гимнастичарка Симон Бајлс, белоруската тенисерка Арина Сабаленка, шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и спортистите Сифан Хасан од Холандија, Фејт Кипјегон од Кенија и Американката Синди Меклафлин-Леврон.

Објавени се номинациите за наградата Лауреус, која традиционално се доделува на најдобрите светски спортисти во претходната година.

Повеќе од
оваа категорија

93 (6) ■ сцена > култура ■ 03-Mar 07:02 -> 03-Mar 15:57
.
.
.
.

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината

  • ▷ Осум романи ја продолжуваат трката за „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата Роман на годината за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше 8 романи што ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината.

Како што соопштуваат од жири-комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум романи: Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“.