Притоа тој нагласи дека во првите сто дена приоритетот бил ставен на надворешна политика заснована на одржливи и долгорочни приоритети, а воедно ги напомена и активностите насочени кон интеграција во Европската Унија, како и целосната усогласеност на државата со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, поддршката на Украина и важноста почитувањето на меѓународното право во таа насока.
Муцунски говореше и на активностите во делот на мултилатералното работење, а како посебно достигнување на успешната меѓународната политика го нагласи прифаќањето на кандидатурата на Република Северна Македонија за член во Советот на човекови права на ОН и кандидатура за членство во Организацијата за забрана на хемиско оружје. Kajgana
Муцунски говореше и на активностите во делот на мултилатералното работење, а како посебно достигнување на успешната меѓународната политика го нагласи прифаќањето на кандидатурата на Република Северна Македонија за член во Советот на човекови права на ОН и кандидатура за членство во Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Во оваа насока тој додаде дека и во иднина ќе се работи на зголемена и активна улога во меѓународните организации и одлични билатерални односи со сите меѓународни партнери и не само политички, туку и економски релации кои помеѓу другото ќе бидат во насока на заштита на деловниот интерес на домашните компании во странство. Press24
Говорејќи за активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски на денешната трибина „100% за тебе“ насловена „Унапредување на дипломатијата и надворешната трговија, интеграцијата во ЕУ и дигиталната трансформација“, истакна дека во првите 100 дена фокусот во ресорот со кој тој раководи бил ставен на поставување на темелите на тоа што треба да се работи во делот на меѓународната политика, но и многу поважно на градење на стратешкиот пристап за понатамошното димензионирање на меѓународната политика. Denesen
Муцунски информираше и за процесот на спојување на Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за технолошки индустриски и развојни зони, а Министерството ќе остане да биде креатор на политиките во делот на надворешната трговија и странски инвестиции.
Тој се осврна и на активностите во делот на привлекување странски инвестиции во чии рамки во изминатиот период се остварени средби со приватни компании и стопански комари, каде дел од приватните компании веќе пројавиле интерес за инвестирање во нашата држава. Kajgana
За жал имавме до сега пристап што не овозможуваше најдобри услови за инвеститорите посебно по нивното доаѓање во државата.
И затоа мораме да работиме на креирање на добри политики од таа гледна точка. Nezavisen
Излегуваме надвор од рамките на таа конвенционална политика и ќе работиме нешто многу повеќе од тоа што е економска дипломатија.
Баш пред да бидам присутен на овој настан, бев на состанок на работна група во МНР и надворешна трговија каде што веќе имаме готова нацрт верзија на Законот за надворешни работи, кој што наскоро ќе биде презентиран пред јавноста во редовна постапка и којшто има цел да ги интегрира сите овие формални надлежности коишто се презедоа со Законот за организација и работа на органите на државната управа. Plusinfo