Press24
Доколку се земе во предвид работата на Владата во првите 100 дена, 51, 1 отсто од граѓаните сметаат дека таа е подобра од претходната влада на СДСМ и ДУИ, 12,7 отсто дека е полоша, 28,6 дека е иста а со не знам или без одговор биле 7,6 отсто од испитаниците.
На прашањето кој е најголем проблем со кој се соочува Македонија и Владата мора итно да го решава 37,5 отсто одговориле дека тоа е криминалот и корупцијата, 19,7 отсто економијата и животниот стандард, а потоа се невработеноста, високите цени, квалитетот во образованието, здравството... Press24