Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот се одбива како неоснован.
Кривичниот совет при Одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот кривичен суд Скопје, по разгледување на предлогот поднесен од осомничениот А.Ј. преку неговиот бранител – за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и увид во целокупната предметна документација, донесе решение со кое предлогот се одбива како неоснован.
Газдата на компанијата ,,Пуцко Петрол” Асмир Јахоски нуди 2 милиони евра кауција за да излезе од притвор, тврдат извори во правосудниот систем упатени во случајот објавува порталот . Според изворите на порталот во четвртокот одбраната на Јахоски кој е син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски понудила објекти со вредност од 2 милиони евра во обид судот да дозволи Асмир во предметот вреден над 160 милиони евра да се брани од слобода.