ВМРО ДПМНЕ е подготвен да оди на предрвремени парламентарни избор утре, истакна денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање дали доколку СДСМ иницира распуштање на Собранието, како што се споменува во една од опциите за него би биле прифатливи предвремени парламентарни избори.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Мицкоски вели не е проблемот, дали да се оди сега на предвремени парламентарни избори, туку прашањето е дали е потребно да се потрошат дополнителни 10 милиони евра за избори, а тоа се пари на граѓаните. Biznisvesti
ВМРО-ДПМНЕ уште утре е подготвен да оди на избори.
Но, прашањето е дали треба да потрошиме уште 10 милиони евра, да застане системот, да не испорачуваме реформи и СДСМ уште еднаш се соочи со голем пораз, или да ја избереме опцијата во следните четири години да работиме за доброто на граѓаните. 360stepeni
„Би им посакал на двете поголеми опозициски партии, заедно со една помала партија, програмски и кадровски да се освежат и тоа да го покажат на следните локални избори.Тогаш ќе зборуваме дали има потреба од предвремени парламентарни избори и дали Владата уште ужива доверба кај граѓаните.
Повторувам ВМРО е подготвена уште утре да оди на избори“, додаде Мицкоски. Denesen
ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да оди на избори уште утре, но оваа Влада има мандат од четири години да го покаже сработеното, вели ремиерот Христијан Мицкоски откако опозициските партии СДСМ и ДУИ го прифатија предизвикот да одат на предвремени избори. Kanal5