Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо зајакнување на, како што посочи исклучително добрите односи меѓу македонските граѓани и граѓаните на САД, по победата на Доналд Трамп на претседателските избори. Novamakedonija
Тој нагласи дека очекува тие економски приоритети да бидат уште повеќе зацврстени.
Повтори дека како Влада изразуваат голема поддршка на граѓаните на САД, што во еден демократски амбиент, донеле правилна одлука и практично го избрале новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Press24
Во соопштението се велеше дека на средбата се дискутирало за актуелните случувања во Западен Балкан, а било истакнато значењето на одржувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и продлабочување на односите и соработката меѓу државите во овој дел од Европа.
На оваа средба како што информираа од владата, посебен акцент бил ставен на односите на САД и Македонија, како и на можноста за нивно дополнително зајакнување. Press24
Еден месец подоцна Мицкоски и Гренел имаа уште една средба, овојпат во Скопје.
Гренел своевремено, беше в.д. директор на Националното разузнавање на САД, амбасадор на САД во Германија и специјален пратеник на Трамп за Балканот. 360stepeni