ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да оди на избори уште утре, но оваа Влада има мандат од четири години да го покаже сработеното, вели ремиерот Христијан Мицкоски откако опозициските партии СДСМ и ДУИ го прифатија предизвикот да одат на предвремени избори. Kanal5
ВМРО-ДПМНЕ уште утре е подготвен да оди на избори.
Но, прашањето е дали треба да потрошиме уште 10 милиони евра, да застане системот, да не испорачуваме реформи и СДСМ уште еднаш се соочи со голем пораз, или да ја избереме опцијата во следните четири години да работиме за доброто на граѓаните. Fokus
Ако влегуваме во такво вертиго, нема да ги постигнеме целите, а наша цел е да донесеме нешто добро за граѓаните.
А, дали сме подготвени утре да одиме на избори, да подготвени сме. Fokus
Јас би ја избрал втората опција“, рече Мицкоски по посетата на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
„СДСМ и ДУИ да се освежат“ Одлуката за избори, според него, треба да се носи во интерес на граѓаните, а не во интерес на „љубители на естрада“. Denesen