Општините Центар и Аеродром спроведуваат засилени инспекциски контроли со цел подобрување на безбедноста на граѓаните, како во угостителските и станбените објекти, така и во училиштата и детските градинки.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски информираше дека во текот на вчерашниот ден, е одржан итен состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Центар, на кој освен членовите на Штабот биле присустни инспекциските служби на општината и Командирот на ПС Беко Игор Стаменковски.