Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, доби порака со закана по животот.
Тој информацијата ја објави на својот фејсбук профил посочувајќи дека пораката стигнала по неговата изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот. Kanal5
Фетаи, кој е во работна посета на Брисел, во изјавата за МИА додава дека добива пораки од типот „добар Албанец, мртов Албанец, дека „сите Албанци ќе бидат убиени“ и дека „20 отсто никогаш нема да се икине во Уставот“.
„За жал, како што информирав синоќа, по мојата изјава за медиумите заедно со европскиот амбасадор Михаилис Рокас, на мојот мејл примив закана со смрт за еден дел од изјавата која се однесуваше на промена на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот. 360stepeni
Заканата по животот што ја добив на мојот службен мејл е одраз на поларизацијата на нашето општество, бидејќи таа беше упатена по мојата изјава за дефиницијата на албанскиот јазик во Уставот, изјави за МИА вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел. Libertas
Во таа насока Фетаи порачува дека авторот на оваа закана ќе биде индетификиван и ќе добие заслужена казна, затоа што, како што додава, преку такви закани не смее да се преминува, особено кога, како во овој слуќај станува збор за вицепремиер во Владата.
„Ова го покажува нивото на нашето општество. 360stepeni
Според него, сите овие закони се дел од нашата реформска агенда за приближување кон Европската Унија, кои треба да бидат преточени во конкретни резултати до крајот на оваа година.
Во однос за оценката во Извештајот за напредокот на земјава на европскиот пат дека постои поларизација на нашето општество, Фетаи оцени дека и заканата по живот што му била упатена е показател на таа поларизација. Plusinfo
Известувачот Ваитз рекол дека Северна Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ. Тој ветил дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел.
Вицепремиерот Фетаи го информирал Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, особено во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Novamakedonija