Министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев, потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Христијан Мицкоски, потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината работна група, која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот, со одлука на Уставниот суд, велат од СДСМ. Libertas
Минчев потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината работна група, која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот, со одлука на Уставниот суд.
Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски. Kanal5
Но Минчев потврди дека политиките на Владата на СДСМ не само што биле исправни, туку и го трасирале вистинитиот реформски пат, според европските стандарди.
Реформата на јавната администрација ќе се одвива според Стратегијата 2023-2030 и акцискиот план донесени од Владата на СДСМ. A1on
Фирмата бараше повеќе време за надградба на софтверот, но бидејќи станува збор за јавен интерес, ќе го забрзаат процесот – велат од Агенцијата за администрација.
Министерот за јавна администрација Горан Минчев потврди дека корекцијата на софтверот е во тек и повтори дека конкурсите што почнале пред укинувањето на балансерот ќе се довршат, како и огласите што се без балансер за институциите што немаат обврска за вработување по етнички клуч. Nezavisen
„Јас сум повеќе за варијантата некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани.
Постојат и други решенија, но можеби е интересно дел од јавната администрација да се намалува по природен пат, врз основа на пензионирање, заминување од јавната администрација. Skopjeinfo
Согласно последниот извештај на Европската комисија постигнувањето на реформата на јавната администрација се движи со умерен напредок.
Токму реформата има клучна улога во обезбедувањето на ефикасност, транспарентност и одговорност во работата на државните институции што, пак, е есенцијално за евроинтегративните процеси на секоја земја – рече Минчев на прес-конференција во Владата по состанокот на Секторската работна група за реформа на јавната администрација. Novamakedonija
Министерството за јавна администрација на Република Македонија денес го одржа состанокот на Секторската работна група за реформа на јавната администрација, на кој се разгледаа досегашните постигнувања и идните чекори за модернизирање на администрацијата како дел од европските интеграциски процеси на земјата.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, истакна дека реформата на јавната администрација е еден од клучните приоритети на Владата, неопходен за остварување на транспарентност, ефикасност и одговорност на институциите. Netpress