Само реформирана јавна администрација придонесува кон одржлив економски раст, владеење на правото, социјална кохезија и благосостојба.
Проактивно пристапивме кон реализација на мерките и активностите со утврдените рокови во акцискиот план од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023 – 2030 година. Novamakedonija
„Јас сум повеќе за варијантата некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани.
Постојат и други решенија, но можеби е интересно дел од јавната администрација да се намалува по природен пат, врз основа на пензионирање, заминување од јавната администрација. Skopjeinfo
На состанокот присуствуваа претставници на Европската делегација, јавниот, приватниот и невладиниот сектор, при што шефот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Штефан Худолин, ја потенцираше важноста на поддршката што Европската унија ја дава на Република Македонија во овој процес.
На крајот, Министерот Минчев се заблагодари на претставниците од Европската делегација за континуираната поддршка и на сите претставници на работната група за нивната посветеност, истакнувајќи дека успешната реформа на јавната администрација е клучен чекор кон приближување на земјата кон членство во ЕУ и постигнување на подобар квалитет на живот за сите граѓани на нашата држава. Netpress
Од наводен коректор на политиките на Владата, ЗНАМ се претвори во гума за бришење Денешната прес конференција на министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски.
Минчев потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината работна група, која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот, со одлука на Уставниот суд. Kanal5
Минчев потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината работна група, која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот, со одлука на Уставниот суд, велат од СДСМ.
Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски. A1on
Некомпетентните административци ќе се доквалификуваат наместо да се крати администрацијата.
Во еден од трите закони за реформа на јавната администрација, кои првично беа предложени во Собранието од страна на претходната Влада, а потоа повлечени од процедура, се предвидува формирање на Академија за администрација каде што ќе се доедуцираат кадрите коишто веќе се дел од институциите. Telma