Претседателката Гордана Силјановска-Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан. Kajgana
На новинарско прашање од бугарските новинари дали гледа желба од македонска страна за членство во Европската Унија или постои друга насока на македонската дипломатија, одговори:„Сè ќе стане јасно во блиска иднина.
Доколку државното раководство на РСМ навистина има желба за влез во Европската Унија, мора да ја исполни Преговарачката рамка и договорот за добрососедство. Denesen
Двајцата го истакнаа значењето на културните врски меѓу двете земји, потсетувајќи на неодамнешната посета на македонската претседателка на Бугарија, каде што ја посети бугарската опера.
Во овој контекст, Сиљановска изјави дека „вратите на РСМ се отворени“ за посетата на бугарскиот претседател. Libertas
Тој предупреди дека одложувањата може да изгубат драгоцено време за напредокот на земјата во членството во ЕУ. Тој понатаму изјави дека ако раководството на Македонија искрено сака интеграција во ЕУ, мора да ги исполни условите утврдени во овие договори.
Во моментов претседателот Радев ја предводи бугарската делегација на 29. сесија на Светската конференција за климатски промени во Баку, Азербејџан. Republika
„Поставивме многу прашања кои се уште стојат.
Не е проблемот само со навременото внесување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија. Mk
Бугарскиот претседател комуникацијата која ја има со својата македонска колешка ја оцени како конструктивна, отворена и прагматична и која може да води кон развивање на добрососедството меѓу двете земји, при што и порача на македонската влада да го следи нивниот пример што може да придонесе за добрососедството меѓу двете земји.
За средбата со Радев, во рамки на Конференцијата за климатски промени во Азербејџан, македонската претседателка информираше преку соопштение во кое, исто така, се потенцира конструктивна атмосфера на средбата, на која било разговарано, како што стои во сооптението, за унапредување на македонско-бугарските односи и за надминување на отворените прашања меѓу двете држави. Telma