Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан. Libertas
Во контекст на продлабочување на билатералната соработка, Сиљановска му понудила на Радев официјална посета на Северна Македонија, истакнувајќи дека „вратите во Скопје се отворени“ и дека се надева на идни разговори кои ќе придонесат за зајакнување на односите меѓу двата народа.
Средбата се одржала на маргините на Самитот за климатски промени во Баку, каде учествуваат бројни светски лидери. Telma