Владата веќе работи да се изградат когеративни централи за затоплување на неколку локации, со цел да се намали аерозагадувањето во Скопје, но и во другите градови во земјава, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата дека Владата ништо не презема за справување со аерозагадувањето.
Неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Христијан Мицкоски продолжува да ги поткопува економските можности за граѓаните и да нанесува сериозна штета на економијата, велат од СДСМ.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска го посети Тутунски комбинат АД Прилеп, по што на новинарско прашање, каков е планот за капитални инвестиции за наредната година, изјави дека Владата е фокусирана на вистински капитални инвестиции, пример се вложувањата за општините, реализацијата на Коридорот 10д.
Предлог законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на храната вистински и реално ќе ги намали цените на над 250 категории на производи а граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари, велат од СДСМ.