Со измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, во поедноставна постапка и ослободени од комуналии, ќе може да се градат училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општините и државата. Biznisvesti
Ова го овозможувме со измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на средбата со раководството на ЗЕЛС.
На овој начин помагаме да се развиваат општините и помагаме во бројни проблеми на граѓаните во делот на згрижување, образованието, здравствената заштита и проблемите со паркирањето, истакна министерот Николоски. Press24
Сега тоа е минато и сега сме целосно функционални, изјави Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС.
На средбата беше договорено да се формираат работни групи со цел да се направат измени и во Законот за експропријација, за да им се овозможи на општините поефикасна релализација на капиталните проекти. Republika
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски, се сретна со претставници на ЗЕЛС на разговори за измените на два закони кои треба да помогнат за развој на општините: Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење. Telma
Ова ќе значи откочување на многу проекти, особено во Скопје, соопшти Ѓорѓиевски кој оцени дека како ретко досега ЗЕЛС и општините имаат одлична соработка со централната власт, на што ги обврзува и потпишаниот меморандум со Владата.
Изразивме и огромна благодарност за поддршката на Владата за општините која произлегува од Унгарскиот кредит кој ќе се искористи за капитални проекти со кои се решаваат децениски проблеми на граѓаните, посочи првиот човек на ЗЕЛС. Netpress
Со измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, во поедноставна постапка и ослободени од комуналии, ќе може да се градат училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општините и државата.
Ова го изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски по средбата со раководството на ЗЕЛС. Biznisvesti