Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денес ја презентираа новата дигитална услуга или можност за поднесување на онлајн барање за издавање на одобрение за набавка на оружје на физичко лице која ќе биде достапна преку сајтот на МВР и на националниот портал . Министерот потенцираше дека во минатиот период по огромен број на претставки и поплаки на граѓани Комисија за ревизија на МВР утврдила дека изминатите години селективно и незаконски им биле издавани дозволи за поседување оружје на лица кои не ги исполнувале условите со што е отворена истрага која резултира со 15 откази на високи полициски функционери и ќе продолжи со кривично правна постапка.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи.
Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека околу 15 високи полициски функционери добиле откази поради селективно и незаконско издавање дозволи за поседување оружје.