Оптимизацијата на училишната мрежа, освен што ги решава предизвиците поврзани со демографските промени, решава и дел од предизвикот за надминување на дигиталниот јаз, зашто наместо неколку деца да учат во полураспаднато рурално училиште, ќе се овозможи да учат во соседно, подобро опремено училиште, каде ќе имаат можност за дигитално описменување“, одговори Јаневска, додавајќи дека преку темата за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини како да препознаваат и како да постапуваат во ситуации што можат да водат до злоупотреби на нивните лични податоци, со сајбер-малтретирање, онлајн предатори и изложеност на несоодветни содржини, при користењето на напредните технологии. Netpress