Исто така бараме да престане да тргува со гласот во рамките на Собранието и да ја почитува волјата на гласачите од коишто таа стана пратеник.
Воедно бараме да се изврши демократизација во рамки на партијата и да се тргне по патот на самостојно настапување на ЛДП на следните локални избори, изјави Китановски. Libertas
Иницијативата за демократизација и промени во Либерално демократската партија е жива.
Ние бараме ЛДП да се врати на изворните принципи и да се демократизира, изјави Бошко Китановски, член на иницијативниот одбор за промени во ЛДП. Biznisvesti
Иницијативата за демократизација и промени во Либерално демократската партија е жива. Biznisvesti
Од Иницијативниот одбор на ЛДП порачуваат „наместо да прави заеднички трибини со луѓето со кои до вчера беше политички непријател и да го бламира членството и партијата, да се надмине себе си и да си поднесе оставка“.
Партијата час поскоро треба да ги отпочне подготовките за самостоен настан на престојните локални избори, се додава во соопштението. Skopjeinfo
Не сакам да верувам дека екслидерот Горан Милевски стои зад иницијативата за моја смена во партијата и не разговарам со него за работи кои се случуваат во партијата бидејќи не сакам да го ставам во незгодна ситуација да го крши законот, но доколку свесно го прави тоа, бидејќи ја гледам структурата на луѓето во овие иницијативи, тогаш тоа повеќе не е моја работа, туку на Министерството за надворешни работи“, одговори претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, прашана дали зад иницијативата, всушност, се крие поранешниот претседател на партијата, а сегашен амбасадор на земјава во Словенија. Libertas
За уставни измени со одложено дејство – ЛДП е партија што секогаш барала решение за граѓаните и за излез од одредени кризи.
Да повторам дека ако ЛДП не се вклучеше активно во поддршка на сè она што значеше борба за индивидуална слобода, можеби сè уште ќе живевме во авторитарен режим. 360stepeni
Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, викендов во Битола на дел од основачите на партијата, Дејан Ристевски, Горан Савевски и Валентин Соклевски, им додели благодарници и пригодни подароци за нивниот особен придонес во растот на ЛДП. A1on