Иако соработката меѓу Париз и Скопје постоеше и пред пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, членството во Алијансата обезбедува дополнителна рамка за соработка и солидарност во областа на одбраната, посочува новиот француски амбасадор во земјава Кристоф ле Риголер во интервју за државната МИА. Netpress
Северна Македонија има своја улога во оваа колективна авантура, вели амбасадорот Ле Риголер.
Во контекст на војната во Украина и враќањето на Трамп за претседател дали се на повидок мировни преговори за окончување на конфликтот имајќи го предвид актуелниот геополитички контекст, францускиот амбасадор посочува дека преку поддршката за Украина, работиме во интерес на мирот на европскиот континент и во светот. Fokus
Нашиот интерес, без оглед на идната американска позиција, е да не дозволиме Русија да ја добие војната, бидејќи тоа би ги довело во прашање границите на суверените држави од страна на империјална и експанзионистичка сила.
Работиме во интерес на мирот во Европа и стабилноста во светот преку поддршката за Украина“, вели Ле Риголер. Netpress