Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси, затоа што побарав сите партии во советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти „патриоту” Мицкоски нема да можеш да преговараш со производители на автобуси како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа“, се наведува во соопштението на Град Скопје потпишано од Данела Арсовска.
Нарекувајќи ја самопрогласена реформаторка на јавниот превоз, од партијата на Мицкоски вчера обвинија дека градоначалничката го довела Скопје на раб на колапс. Telma
„Самопрогласенаата ‘реформаторка’ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс.
Неспособната Арсовска која е и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот ‘Како да се троши без отчетност’“, истакнуваат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. Kajgana