Кумановското Основно јавно обвинителство поведе истражна постапка против едно 25-годишно лице кое во семејниот дом во Крива Паланка, се обидело со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид). Осомничениот 25-годишник, во семејниот дом во Крива Паланка, се обидел со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство.