Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потврди де факто распуштањето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) како дел од драстичното намалување на американската странска помош, одлука која е критикувана во многу земји и од голем број хуманитарни организации.
Стејт департментот во петокот официјално го извести Конгресот дека ја распушта американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и презема дел од нејзините функции, објави Си-ен-ен. Реорганизацијата ќе биде извршена до 1 јули, соопшти Стејт департментот.