Дојде време за одлучувачки напредок и ние ќе продолжиме да му помагаме на регионот да ги постигне суштинските чекори на патот кон пристапување во ЕУ, се вели во писмото.
Министрите повикуваат на воспоставување јасна агенда и временска рамка за целосна имплементација на Планот за раст и унапредување на постепената интеграција во единствениот пазар, како и во другите политики на ЕУ, кога ќе се исполнат сите потребни услови. Libertas
Министрите за надворешни и европски прашања на Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија, собрани во групата Пријатели на Западен Балкан, испратија заедничко писмо до шефицата на европската дипломатија Каја Калас и до комесарката за проширување Марта Кос, во кое порачуваат дека е време за решителен напредок во интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и презентираат конкретни чекори за поддршка на регионот на неговиот пат кон ЕУ. Во писмото до Калас и Кос, Пријателите на Западен Балкан наведуваат дека „со агресивната војна на Русија против Украина и другите безбедносни предизвици за нашиот континент, политиката на проширување, една од најефикасните геополитички алатки на ЕУ, доби нова и моќен поттик“, пренесува РТС. Civilmedia
Ќе продолжиме да поддржуваме уште подинамичен, кредибилен и ефикасен процес на проширување.
Дојде време за одлучувачки напредок и ние ќе продолжиме да му помагаме на регионот да ги постигне суштинските чекори на патот кон пристапување во ЕУ, се вели во писмото. Biznisvesti
Само со интегрирање на овој регион во нашето семејство на ЕУ можеме да обезбедиме стабилност и просперитет на нашиот континент, се вели во писмото.
Се искажува целосна поддршка за одлуката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја задолжи комесарката Кос да го унапреди процесот на проширување „во следните критични години, надградувајќи го со обновениот моментум“ и да работи на постепена интеграција. Fokus