Европската Унија мора да се врати на старите шини, кои се темелат на мерит системот, односно на постигнувања, а не на билатерални спорови, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со Советот на странски инвеститори. Nezavisen
За нон-пејперот и можност за поинакво одлучување во ЕУ, вели дека прв пат слушнал за време на Берлинскиот процес, на неофицијалниот ручек, организиран од германскиот канцелар Олаф Шолц, на кој словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар изјавила дека постои таков нон пејпр, односно 27 минус еден.
Таа го кажа тогаш на масата дека постои таков нон пејпер – 27 минус еден, да одлучуваат за ваков тип на прашања во рамките на ЕУ, бидејќи вие можете да бидете жртва на вето. Novamakedonija
Ние тоа го правиме и преку инвестициите, реализирањето на капитални инвестиции во приватниот сектор, странските инвестиции, но и реализацијата на капитални инвестиции од државата.
Тоа е начинот на којшто ќе се бориме. Nezavisen