Проектот за унапредување на образованието за медицинските сестри и на акушерките и воспоставување на систем за признавање на професионалните квалификации ќе им овозможи на учениците и студентите да добиваат квалитетно образование по европски стандарди, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска, на настанот со кој беше означен почетокот на проектот, што е финансиран од ЕУ и се имплементира со поддршка на Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, техничка помош на Канцеларијата на СЗО во Скопје и македонското Министерство за здравство. Nezavisen
Во образовниот профил гинеколошко-акушерска сестра, од прва до четврта година, има вкупно 406 ученици.
Некои од нив продолжуваат на студиските програми од прв, втор и трет циклус на студии. Press24