Во рамки на посетата претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари средба со високиот претставник/потпретседател на Европската Комисија, Каја Калас, средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез, како и средба со премиерот на Полска, Доналд Туск.
Воедно, во рамки на посетата претседателот на Владата Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани ќе присуствуваат на ЕУ Самитот на Западен Балкан во Брисел на кој за прв пат ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Denesen
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел каде што ќе има средби со потпретседателката на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез и со премиерот на Полска, Доналд Туск, соопшти владината прес-служба. Sitel