Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно, затоа што наша цел е да ја подобриме регулативата како основа за темелни промени на воспитно-образовниот систем и поквалитетно образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. A1on
Одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во Црешево, општина Гази Баба, по повод почеток на изградба на нова спортска сала во ОУ „Наум Охридски“, Јаневска посочи дека во комисиската расправа досега се прифатени четири амандмани на опозициската СДСМ и два на Коалицијата Вреди кои, како што рече, „ќе ги подобрат текстовите на законите и се во интерес на учениците“.
Според Јаневска, и повлекувањето на Предлог-законот за средно образование ја покажува „решеноста на Министерството за образование и наука да добиеме закони кои ќе бидат широко прифатени, како одраз на потребите на учениците, наставниците и целото општество“. Kanal5