Владата донела одлука да се одвојат 120 милиони денари (2 милиона евра) за ЈСП за бесплатен превоз на студентите во 2025 година, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Denesen
За следната година предвидовме 120 милиони денари за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) за бесплатен превоз на студентите, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од селото Црешево во скопска Гази Баба, каде присуствуваше на пуштање во употреба на спортска сала, а одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе донесе одлука за пренамена на средства за ЈСП, со цел да се обезбедат средства за бесплатен автобуски превоз за студенетите. 360stepeni