Mногу е јасно дека во СДС биле свесни за сите криминални активности како за скандалот Лотарија, луксузните објекти, потоа приказните на Груби како автомобилот му го дале на заем да го вози и што уште не. Сите се свесни дека станува збор за криминални активности.
И ако тоа е толку очигледно, а и резултираше неодамна со ставање на Груби на црната листа на САД, знаеле и СДС додека беа со нив во коалиција. Press24
СДС и Филипче да се изјаснат дали навистина имаат намера да покажат политичка одговорност, да започнат со јавно признавање на сопствените попусти и да се извинат пред јавноста за тоа што не презеле ништо за спречување на корупцијата од страна на ДУИ и Груби.
Филипче додека бил функционер во владата на СДС и ДУИ знаел за криминалните активности на Груби и ДУИ но молчел за да опстане криминалната коалиција ден повеќе на власт и токму поради тоа денес Филипче треба да помогне на правосудниот систем за докажување на криминалот. Press24
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Илире Даути нема кредибилитет да претседава со собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако беше изгласана недоверба по расправата за интерпелација покрената од пратеничката група на Левица.
Не е важно кој покренал интерпелација и која била темата или причината, важно е дали е прекршен Деловникот за работа на Собранието или не е, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, одговарајќи на новинарско прашање во однос на интерпелацијата на Даути. Press24
Никој не им верува додека не се извинат што му дозволиле на Груби да прави криминал.
Попусти се обидите на Венко Филипче да глуми дистанцирање, кога тој е виновен што криминалот на ДУИ воопшто беше можен, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Denesen
СДСМ и Филипче сега влегоа во филм да зборуваат дека ДУИ не чини или само декларативно се оградуваат од нив.
На СДСМ и на Филипче треба да им е јасно дека тоа не е доволно. Plusinfo