Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, одржа работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија во Република Северна Македонија, вклучително и со амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас.
Средбата беше дел од редовната пракса за размена на мислења со амбасадорите, со цел информирање за напредокот на реформите и размена на ставови за актуелните прашања во процесот на евроинтеграција на земјата.