Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави дека сака да ја охрабри Црна Гора да работи уште понапорно доколку сака да ги затвори поглавјата од преговорите со ЕУ до 2026 година и дека има реални шанси Црна Гора да стане членка на ЕУ за време на нејзиниот мандат (крајот на 2029 година). На прес-конференцијата со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, Кос рече дека Црна Гора има шанса да ги заврши преговорите за време на нејзиниот мандат, што почнаа на 1 декември 2024 година, а дека тоа го сакаат граѓаните.
Северна Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, уште еднаш порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на вчерашната дебата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ). – Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на Уставот и тогаш, сигурна сум, дека штом ќе почнеме да се движиме со Северна Македонија, исто така, и со поддршка на Бугарија ќе можеме продолжиме на тој пат, изјави Кос во одговор на прашање на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на дебатата, пренесува МИА.