Министерот Муртезани, како што соопшти МЕП, ја истакнал и целосната усогласеност на Република Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, која претставува основа за нашата стратешка ориентација во однос на глобалните безбедносни предизвици.
Муртезани исто така појаснил дека со цел да ја зајакне својата улога како одговорен и конструктивен партнер на меѓународната сцена, Северна Македонија, во контекст на својата посветеност на процесот на европска интеграција, ќе продолжи активно да ги поддржува напорите на Европската Унија и НАТО членките за мирно решавање на конфликтот во Украина, промовирање на стабилност и активно учествувајќи во глобалните иницијативи за унапредување на безбедноста во регионот. Biznisvesti