Портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева, денес одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата каде одговарајќи на новинарско прашање по најавата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, за набавка на нов Владин авион, кој е ставот на Владата, таа посочи: -Зборуваме за Влада, за нешто што значи одговорност кон државниот имот, но и одговорност која не е лична или индивидуална, туку е за потребите и намената на државата.
Неодговорно е да имате опозиција којашто изминатите години апсолутно ништо не направи по однос на државниот имот и не само што не направи ништо, туку и она што беше досега направено го остави како во заборав на времето.