1 (14) ■ вести > македонија ■ 25-Sep 11:03 -> 25-Sep 11:39
.
.
.
.

Инспекторите на терен, ќе ги казнуваат трговците кои не ги намалиле маржите

  • Трајковски: ДПИ од денеска ќе почне да ги казнува трговците кои не ги намалиле профитните маржи согласно одлуката на Владата

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

13 (105) ■ вести > свет ■ 23-Sep 08:00 -> 25-Sep 10:33
.
.
.
.

Израел го обвини Гутереш дека не прави ништо за да ги спречи нападите на Хезболах

  • Израелците не исклучуваат и копнена агресија во Либан,Хезболах на удар на силни воздушни напади

  • ИДФ изведе десетици воздушни напади врз јужен Либан

  • Израел ги предупреди жителите од јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах

Израел во вторникот го обвини генералниот секретар на ОН дека не прави ништо за да ги „спречи нападите на Хезболах“ на нејзина територија, откако Антонио Гутереш ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со „непрекинат ноќен кошмар“ кој се заканува да го однесе и Либан во хаос.

Тешко е да се поверува дека помина помалку од една недела откако комуникациските уреди што ги користи Хезболах почнаа да експлодираат низ Либан.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека од рано утринава извршиле десетици воздушни напади во јужен Либан.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА . „Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на ИДФ на Телеграм, што ја пренесува германската агенција.

14 (9) ■ вести > македонија ■ 24-Sep 21:32 -> 25-Sep 10:31
.
.
.
.

Повторно побаравме помош од Србија: Македонски железници изнајми четири локомотиви од „Србија Карго“

  • Србија Карго изнајми четири електрични локомотиви на Железниците на Македонија

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки „Србија Карго“ и Железниците на Република Северна Македонија – Транспорт потпишаа Договор за привремен закуп на четири електрични локомотиви од серијата 461, со што се воспостави стратешка соработка меѓу двете државните железници од областа на железничкиот транспорт на стоки, објави „Србија Карго“.

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго денеска соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија – Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.

16 (7) ■ вести > свет ■ 25-Sep 08:20 -> 25-Sep 10:22
.
.
.
.

ЌЕ ОПСТОИ ЛИ ШЕНГЕН? Ќе го разниша ли безбедноста договорот за укинување на граничните контроли?

  • Шенгенскиот договор е доведен во прашање поради безбедноста на Европа

Додека Европската унија се подготвува да ја прослави 40-годишнината од потпишувањето на Шенгенскиот договор во 2025 година, неодамнешните мерки на Германија - поврзани со проширувањето на ограничувањата и граничните контроли и инспекции под изговор за борба против криминалот и нерегуларните миграциски текови - претставуваат удар за слободата на движење на Европејците и оживување на старите сомнежи за иднината на европската интеграција.

Додека Европската унија се подготвува да ја прослави 40-годишнината од потпишувањето на Шенгенскиот договор во 2025 година, неодамнешните мерки на Германија – поврзани со проширувањето на ограничувањата и граничните контроли и инспекции под изговор за борба против криминалот и нерегуларните миграциски текови – претставуваат удар за слободата на движење на Европејците и оживување на старите сомнежи за иднината на европската интеграција.

Повеќе од
оваа категорија

45 (10) ■ спорт > фудбал ■ 24-Sep 18:05 -> 25-Sep 11:28
.
.
.
.

УЕФА: Финалето на Лигата на шампиони 2027, сепак, нема да се игра во Милано

  • УЕФА донесе одлука: „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето во ЛШ во 2027 година

Финалниот натпревар од елитната фудбалска Лига на шампиони во 2027 година нема да се одигра на миланскиот стадион „Сан Сиро“ како што првично беше планирано, соопшти вечерва Европската фудбалска организација (УЕФА). Одлуката е донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Прага, откако градот Милано не доставил гаранција дека реновирањето на стадионот и неговата околина навреме ќе биде завршено.

Извршниот комитет на УЕФА му ја одзема организацијата на финалето во Лигата на шампиони на стадионот „Сан Сиро“ во Милано поради тоа што градските власти не можат да гарантираат дека домот на Милан и Интер ќе биде реконструиран.

Повеќе од
оваа категорија

164 (4) ■ сцена > култура ■ 24-Sep 10:30 -> 24-Sep 13:27
.
.
.

„Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

  • Летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место - плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар.