Воедно и од членовите на Советот се бара и апелира да нема именување на улици и инфраструктурни објекти со имиња на личности, настани и датуми кои слават фашистичка, терористичка, милитаристичка или радикална личност, односно група.
Ова писмо е јавен израз на најостра реакција, предупредување и споделување на длабока загриженост на државотворниот Сојуз на борците од народноослободителната и антифашистичката војна и граѓаните продолжувачи од Тетово, а поради повторните вознемирувачки најави на градоначалникот на општина Тетово г. Билал Касами за промена на имињата на улиците во градот и определување на имиња на претходно неименувани улици на територијата на општината, се вели во писмото на тетовскиот Сојуз на борци. Kanal5
Општинската организација на Сојуз на борците од народноослободителната и антифашистичката војна и граѓаните продолжувачи од Тетово испрати отворено писмо до тетовскиот градоначалник во кое бара да нема преименување на градските улици кои носат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народности.
Воедно и од членовите на Советот се бара и апелира да нема именување на улици и инфраструктурни објекти со имиња на личности, настани и датуми кои слават фашистичка, терористичка, милитаристичка или радикална личност, односно група. A1on