Претседателката Гордана Силјановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 80 -годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на полскиот град Освиенцим, близу Краков. Novamakedonija
Меморијата мора да се негува, бидејќи ако не се храни, може да ја снема или да се извитопери, потенцира шефицата на македонската држава.
Таа предупреди на опасноста од релативизирање на злото. Fokus
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на Освиенцим, близу Краков.
На комеморацијата, која ќе се одржи во меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“ денеска на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот, најавено е присуството на педесетина државни делегации од целиот свет, предводени од шефови на држави и влади, високи владини претставници, како и претставници на меѓународни организации и преживеани лица од логорот. Novamakedonija
Комеморацијата во Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“ започна со поздравни обраќања и сведоштва на преживеаните, а во рамки на комеморативниот настан се обратија претседателот на Светскиот еврејски конгрес, Роналд Лаудер и директорот на Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“, Пјотер Цивински.
Со читање молитви и палење свеќи, присутните им оддадоа почит на жртвите на холокаустот пред вагонот од товарен воз, поставен пред главната капија на логорот Аушвиц II-Биркенау, како симбол на одбележувањето на годишнината. Novamakedonija
Атмосферата беше тивка и пола со почит, додека фотографиите ја оживуваа трагичната историја.
На екраните се задржа сликата на вагон за транспорт, симболично поставен пред 15 години како потсетник на жртвите. Mk
Околу 50 преживеани лица, кои биле транспортирани со такви вагони кон логорите на смртта, денеска ќе присуствуваат таму, а дел од нив и ќе ги споделат сведоштвата за страдањата.
Аушвиц е симбол на холокаустот и на злосторствата од Втората светска војна. Libertas
Денес, во фоајето на Министерството за надворешни работи, се одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.
Одбележувањето на овој настан годинава беше во знакот на 80 годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау. Novamakedonija
На церемонијата ќе присуствуваат бројни светски лидери, кралски семејства и високи претставници на меѓународни организации, вклучувајќи претседатели и премиери од повеќе земји, како и претставници на ЕУ, НАТО, УНЕСКО и ООН.
Во оваа значајна комеморација, говори ќе одржат само преживеаните од логорот, како последни сведоци на страдањата за време на Холокаустот. Telma
Турски ја преживеал младешката траума од Лоџ гетото, а подоцна бил депортиран во Аушвиц, каде неговиот брат и татко биле убиени.
Преживеал два „марша на смртта“ и оттогаш неуморно работи на зачувување на историјата, вклучувајќи го и формирањето на Музејот на историјата на полските Евреи во Варшава. Mk
На 27 јануари пристигнаа советските трупи, кои пронајдоа 7.000 преживеани.
Денот на неговото ослободување е одреден од Обединетите нации како Ден на сеќавање на холокаустот. Nezavisen