Значи, јас од срце им благодарам на полските слависти, македонисти, за она што го сториле досега, за ширењето на македонскиот јазик и за македонската култура и предлагам да ја релативизираме далеченина, со Коперникански чекори да тргнеме напред, бидејќи навистина мислам дека во светот како место за разбирање, релативизирање на јазиците, градење на заедничка култура, ова место овде - Јагелонскиот универзитет, но и луѓето кои дојдоа од другите полски универзитети - многу ветува.