Дел од терапијата што недостасуваше на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје стигна денеска, информираше министерот за здравство Арбен Таравари, додавајќи дека утре се очекуваат уште неколку лека, а в понеделник други.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот во однос на уставните измени во контекст на продолжување на преговорите со Европската унија, потенцирајќи дека се бара достоинствено решение, а тоа се уставни измени со одложено дејство.
Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари денеска истакна дека премиерот Христијан Мицкоски бил против продолжувањето на изградбата на Коридорот 8 и Преспанскиот договор, но посочи дека ги прифатил.
Имам лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок, институциите ја следат состојбата, вели Мицкоски.