Опозициските партии Левица и СДСМ предложија, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата да се одржи надзорна расправа во Собранието за проблемот со загадениот воздух во македонските градовии села и за мерките и активностите што би се спровеле за подобрување на состојбата. Plusinfo
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, по однос иницијативата истакна дека се работи за позитивен преседан, прв пат со потпис од 15 пратеници да се побара да се свика надзорна расправа.
Правото на чист воздух е една од темелните вредности и согласно Уставот и на општеството во целина. Biznisvesti
Пратениците на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) во Собранието поднесоа иницијатива со која бараат да се одржи Надзорна расправа во парламентот во врска со загадениот воздух.
За иницијативите претпладнево на прес-конференција во Собранието информираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, кој рече дека таа се темели на барањата на граѓаните, на невладините организации и на многу експерти коишто работат на зачувување на животната средина и „најважно врз основа на поразителните резултати коишто доаѓаат за загаденоста на воздухот“. 360stepeni
Според Спасовски, ваквите деловнички и законски инструменти се една од основните функции на Собранието, за да може сите да седнат на една маса и пред граѓаните да ги отворат сите прашања.
„Да разговараме какви мерки и активности се преземени од страна на владата и на другите надлежни институции. Fokus