Опозициската СДСМ ќе предложи две законски решенија за зголемување на безбедноста на сообраќајот, особено во близина на училиштата.
Одземање на возилото и заострување на казните за најтешките прекртшоци во сообраќајот ќе предложи СДСМ во петок на јавната расправа закажана во Собранието, по последниот случај каде млада девојка беше прегазена на „Партизанска“, по што почина, од возач без возачка, под дејаство на алкохол кој поминал на црвено.