Серија земјотреси, но со јачина помала од пет степени и во текот на ноќта беа регистрирани во морскиот дел во близина на Санторини, каде што од саботата е зголемена сеизмичката активност и преземени се вонредни мерки и препораки, а процените се дека грчкиот остров веќе го напуштиле над 5.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Нов земјотрес со јачина од 4,9 степени беше регистриран источно од Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку 48 часа, додека пак од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака со предупредување до сите оние кои се на островот поради опасност од лизгање на земјиштето, јави дописничката на МИА од Атина.
Повеќе од 200 земјотреси се регистрирани во областа околу грчкиот остров Санторини во изминатите 48 часа.
Неколку земјотреси од над три степени, но и три со јачина од 4,5, 4,3 и 4,1 степени според Рихтер, регистрирани претпладнево се само дел од серијата земјотреси од изминатите денови во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, а надлежните донесоа превентивни мерки, меѓу кои и училиштата на Санторини утре да останат затворени, јави дописничката на МИА од Атина.