Верувам дека целта на луѓето кои ги шират овие обвиненија не е вистински да ги истражат фактите и да го прикажат вистинскиот развој на настаните, туку се обидуваат да создадат изговори за политички поени и манипулации во овие сензитивни моменти.
Ова е неприфатливо и не е фер во однос на мојата личност, која веќе се соочила со последиците од своите грешки и се труди да биде одговорна, да ги поправи своите дејства и да направи добро за општеството. Kanal5
„Во контекст на обвинувањата кои произлегуваат од кујните на СДС, Левица и ним блиските полуги, а кои упатуваат на брутално злоупотребување и пооигрување со лични судбини, притоа надополнети со лаги и неточни информации, би сакал да ги изразам своите мисли и да го поделам моето гледиште за ситуацијата. Fokus
Најпрвин реакција вчера имаше од Црвена Младина кадешто претседателот Петар Здравковски излезе со соопштение во кое го обвини Попов дека со 1,43 промили алкохол управувал со возило за кое немал стекнато возачка дозвола.
Денес со соопштение и барање на оставка излезе и претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски кој посочи дека „Убиецот на Фросина е во затвор, а Сергеј Попов е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Telma