И во 2022 година бил склучен договор за јавна набавка за градежни работи поврзани со изградба на инфраструктурна линија и огради на парцелите на локацијата Манастирец во Македонкси Брод и на локацијата Амзабегови, Свети Николе, во вредност од 25 милиони денари (400 илјади евра). Од страна на ревизијата се констатира дека има неколку пропусти, кои се сомнителни, поврзани со тоа што, иако бил склучен договор со избраната фирма изведувач, овие работи воопшто не биле завршени, а тоа е изградбата на фотоволтаичен центар. Netpress